Мачката почнала да станува позната во 2014 кога ја забележале некои туристи и почнале да ја фотографираат. Потоа следел Фејсбукот и претпоставките на луѓето зошто мачката е зелена. Некои велел дека се работи за некаков радиоактивен експеримент, други дека мачката е жртва на вандали а трети пак претпоставувале дека се работи за експериментална нова сорта на мачки.
Но, по мало детективско истражување и разговор со соседите на мачката, еден млад Бугарин утврдил дека мачката всушност самата се обоила зелена. Таа долго време спиела во едно буре во кое порано имало зелена боја, па така трајно се обоила зелена.