Британскиот музичар Џорџ Мајкл почина на 25 декември 2016 година, иронично прославувајќи го својот последен Божиќ („Последниот Божиќ“ – светски познатиот хит на Мајкл). Дури по смртта на пејачот се дозна дека тој потрошил милионски суми за да им помогне на сираците, бездомниците, болните и на непознатите кои биле во неволја и имале потреба од помош. Ние пронајдовме вистинити приказни за извонредната великодушност на Џорџ Мајкл.

Тие се раскажани од луѓето кои лично го познавале пејачот или од самите сведоци на добрите дела.

„Учесник на ТВ-шоуто ‘Договор’ изјави дека потребни се 15 илјади фунти за инвитро процедурата. Следниот ден, Мајкл му телефонираше и тајно му ја префрли целокупната сума.“

Ричард Осман, ТВ- водител

„Џорџ Мајкл анонимно работеше во засолниште за бездомниците, каде што бев волонтер. Никому не кажав за ова, затоа што побара од нас да не кажуваме. Таков беше тој.“

Емелин Мондо, актерка

„Една жена од детската добротворна организација ми кажа дека сè уште постојат само благодарение на Џорџ Мајкл.“

Кејт Ваух

„Секој Велигден, кога Крис Тарант и јас одржавме настан за да им помогнеме на децата на Капитал FM, Џорџ Мајкл се појавуваше во 3:30 и донираше £ 100,000.“

Мик Браун, диџеј

„Тој даде 25.000 фунти на непозната жена во кафуле, бидејќи плачеше поради долг. Напиша чек и побара од келнерката да ѝ го даде на жената откако тој ќе замине.“

VectorVictoria- на Твитер

„Тој организираше бесплатен концерт за медицински сестри кои се грижеа за неговата покојна мајка.“

Андреј

„Неговите донации помогнаа да се создаде свет каде што луѓето со ХИВ би можеле да живеат здрав живот, без предрасуди и дискриминација.“

Џејн Барон, претставник на Теренс Хигинс Фонд

„Еднаш одамна напишав статија за еден познат човек кој ѝ даде на келнерка 5.000 фунти, бидејќи таа беше студент на медицински колеџ и имаше долг кон факултетот. Ова лице беше Џорџ Мајкл.“

Сали Хјуз, новинарка

„Тој исто така беше единствената ѕвезда во шоуто ‘Кој сака да биде милионер?’ (Како што е познато,добивката на ѕвездите во оваа игра се пренесува во добротворни цели), која рече: ‘Ако изгубам, јас ќе ги исплатам парите’.“

Сали Хјуз, новинарка

„Од 1996 година, Џорџ Мајкл ги донираше сите средства од песната Jesus to a Child за добротворни цели. Тој префрли милиони, со што спаси стотици илјади деца. Долги години тој беше најголемиот добротвор кој ги донираше парите на Childline. Сепак, Мајкл беше решен да не ја објави својата великодушност јавно, па никој надвор од добротворните организации не знаеше колку им даде на најранливите деца во земјата.“

Естер Ранцен, основачот на Childline

Сподели на Facebook
пати видено