9-годишно девојче е однесено на рехабилитација откако станала премногу опседната со видео играта Fortnite, што не сакала да се помести за да оди во тоалет и урнирирала додека ја играла играта, исто така го удирала нејзиниот татко кога тој се обидувал да ја спречи да не ја игра играта.

Девојчето почнало тајно да ја игра играта во доцните вечерни часови и не станувало ниту да оди до тоалет. Таа ја играла играта околу 10 часа на ден. Поради тоа што поминала толку непроспиени ноќи почнала да заспива на часовите во училиште. Таа дури станала насилна кон нејзиниот татко кога тој сакал да ѝ ја одземе Xbox гејмерската конзола.

„Ние не знаевме дека кога и дозволивме да ја игра понекогаш играта дека е толку зависна и дека ќе има таков удар врз нејзиното ментално здравје. Една вечер мојот сопруг виде светло во собата и ја најде како седи на столче влажно од нејзината урина. Толку беше опседната со играта што не сакаше да оди во тоалет.“, вели мајката на девојчето.

Родителите ѝ ја купиле Xbox конзолата во јануари, а девојлето набргу потоа ја симнало и играта. По само два месеци директорката ги повикала да разговара со нив, затоа што девојчето почнало да има многу лоши оценки и да заспива на часовите.

Исто така родителите забележале дека секој месец над 50 долари од нивната кредитна картичка одат на сметка на Microsoft. Кога се соочиле со нивната ќерка таа признала дека купувала дополнителни предмети на играта. Овие купувања во играта помагаат да се зголемат перформансите.

Девојчето признало дека станало зависно од играта и дека станува откако тие ќе си легнат за да ја игра до раните утрински часови. Во последниот обид да ѝ помогнат на својата ќерка, нејзините родители контактирале советник за зависности кој се согласил да обезбеди психотераписки сесии. Девојчето моментално е на рехабилитација.

Но, експертите стравуваат дека многу деца се изложени на ризик да развијат проблеми со менталното здравје како резултат на прекумерна изложеност на насилни и зависни видео-игри.

Сподели на Facebook
пати видено