Меѓународниот фестивал на живи статуи се одржува во Букурешт, Романија. Насекаде уметници во костимите на разни ликови стојат скаменети. Фестивалот, кој е најголем настан од ваков вид во Европа, има за цел да ја смени перцепцијата на живите статуи како професија од областа на забавната уметност, а не како еден вид улично питање.