Оваа горила не сака да престане да го прегрнува Андре, кој работи како ренџер во паркот. Ендази првин го прегрнува човекот, а потоа се качува на неговиот грб. Андре е вработен како еден од чуварите во Националниот парк Вирунга во Демократска Република Конго, каде што се грижи за животните за кои постои опасност да го изгубат своето живеалиште.

Планинските горили се критично загрозени видови со околу 880 преостанати примати, но бројот полека почнува да се зголемува. Дури половина од нив живеат во планините Вирунга, голем број изумрени вулкани што ја граничат Демократската Република Конго, Руанда и Уганда.

Минатиот месец беше откриено дека владата сака да ги прецрта границите на Националниот парк Вирунга, кој има статус на светско наследство на УНЕСКО. Но, експлоататорите на нафта сакаат да ги истражат деловите од областа која што претрпела граѓански конфликт и криволовство во текот на годините.

Сподели на Facebook
пати видено