Во Кина, препишувањето на испитите е кривично дело и за тоа се лежи затвор. Овие денови се одвиваат финални испити, Гаока, од чии резултати буквално зависи судбината на младите луѓе. Според остварениот резултат, најдобрите ученици ќе продолжат на факултет и еден ден ќе имаат убаво платена работа или свој бизнис, додека другите ќе заглават во една од многубројните фабрики.
Борбата против препишувачите во Кина е донесена на државно ниво. Пред две години, препишувањето на испитот беше изедначено со кривично дело. На сторителот кој ќе биде фатен ќе му се изрече максимална казна затвор од три години. Исто така, добива забрана за повторно полагање на испитот во наредните три години.
За време на испитот за фаќање на препишувачите Кинезите користат дронови, блокатори на мобилни телефони, а во некои делови на Кина, учениците на главата носат смешни капи од хартија за да не можат да гледаат лево-десно.