53-годишниот Мајк Хаслам, од Англија, не можел повеќе да издржи и ѝ поставил ултиматум на сопругата, со која е во брак 25 години, но добил неочекувана рекација од нејзина страна. 49-годишната Лиз Хаслам не сакала да се откаже од нејзините 30 бул териери.

Лиз вели дека откако нејзиниот сопруг не е повеќе со неа таа е посреќна. „сопругот ми кажа ‘или јас или кучињата’ и оттогаш го немам видено. Мислев дека по 25 години му е јасно дека немам намера да се откажам од кучињата. Тој само дојде до точката кога веќе му беше доста и сакаше да успори. Но, јас не бев подготвена да се откажам. Затоа тој одлучи да си замине, очигледно тоа беше негов избор.“, вели Лиз.

 

Тие се запознале кога Лиз имала 16 години и почнале да живеат заедно кога Лиз завршила средно. Се венчале во јануари 1991 година и имаат 22-годишен син, Оли.

Лиз пораснала со кучиња поголемиот дел од својот живот, бидејќи нејзината мајка ги одгледувала териери и нејзиниот татко поседувал бизнис со храна за животни. Значи, кога двојката се преселила во фарма со две спални во Барнхам, Сафолк, со половина хектар земја пред седум години, одлучиле да започнат бизнис со одгледување на кучиња.

Потоа, исто така, го основала здружението BedforBullies, чија задача е да спасува бул териери и тогаш почнала да собира десетици кучиња во нејзиниот дом. Иако веќе 18 месеци Лиз нема контакт со нејзиниот сопруг тие се сѐ уште во брак.

Лиз раскажува како нејзиниот сопруг повеќе не можел да издржи и сакал да го земе пасошот и да избега од државата. Таа вели дека го разбира дека сакал да одмори од таквиот живот, но таа не можела да се откаже од нејзината најголема страст во животот.

На годишно ниво Лиз вдомува околу 200 кучиња и скоро сите од нив имаат одредени здрвствени проблеми и имаат потреба од постојана грижа.

Сподели на Facebook
пати видено