Фотографија од исцрпен пожарникар кој лула мало бебе ги стопли срцата на луѓето низ светот. „Во вакви моменти се потсетувам зошто ја работам оваа работа.“, вели капетанот Крис Блазек.
Одделот за противпожарна заштита во Чатануга ја споделил фотографијата на Фејсбук, каде што брзо станала популарна.
Крис бил исцрпен откако претходно имал интервенција за пожар во една куќа и тој само што влегол да се тушира добил итен повик за сообраќајна несреќа на автопатот 58.
Бремената мајка го возела возилото, а со неа биле нејзините три ќерки, на возраст од 7 години до 4 месеци. „Мајката беше хистерична бидејќи имаше болки во стомакот и грбот. двете постари девојчиња беа добро. Но, бебето исто така хистерично плачеше. Јас ја извадив од нејзиното седиште и направив брз физички преглед за да се осигурам дека е во ред. Таа веднаш ја положи главата на моето рамо. Набрзо потоа одлучив дека моите момци ја имаат ситуацијата под контрола, па решив да седам и да се одморам со мојот нов пријател. Таа веднаш заспа во моите раце.“, се сеќава Крис.
Мајката била транспортирана во болница за медицинска евалуација, а екипата на Блазек останала на местото на настанот, додека другите членови на семејството не пристигнале. Децата потоа биле предадени безбедно во грижата на членовите на семејството.