Рак кој си ја скинал сопствената клешта за да се спаси од сигурна смрт, е посвоен од човекот кој требал да го изеде. Инстиктот за преживување се појавил кај малото ракче додека се „крчкало“ во чинија во еден ресторан во Кина.
Гостинот во ресторанот, кој исто така го снимил видеото, бил воодушевен од упорноста и храброста на ракчето и го земал со него дома, за да живее во неговиот аквариум. Така неговата вечера, станала негов миленик.