Дебра Деметрио од Бентотн, Њукасл, Англија, останала преплашена кога ги разгледувала фотографиите од претходниот ден во нејзиниот мобилен телефон. Жената тврди дека во нејзиниот Ѕ7 има фотографија од неа како лежи во креветот, која што не ја фотографирала таа ниту нејзиниот син. Таа верува дека не станува збор за човек, туку за „нешто паранормално“, затоа што очите и биле полуотворени и доколку станувало збор за некоја личност ќе ја видела.

„Немаше никој во куќата во тој период. Целосно се преплашив.“, вели Дебра. Нејзиниот постар син заминал на работа 45 минути пред да биде направена фотографијата, а другиот син бил кај неговиот татко. Куќата била заклучена и немало знаци на провала. Исто така вели дека нејзините раце биле до нејзиното тело и не е можно таа да ја направила фотографијата.

„Знам дека не треба, но телефонот ми беше под перницата кога заспав. Сѐ уште беше таму наредното утро. Ја разгледав сликата за да видам од кој агол е направена и можете да видите дека рацете се до моето тело, така што не можело да биде селфи. И очите ми се полуотворени, ако некој друг бил во собата сигурно ќе сум го приметела. Апсолутно сум сигурна дека немаше никој друг во куќата.“, додава Дебра.

Иако пријателите ја советувале да оди во полиција за секој случај, Дебра смета дека овој случај не е за нив и помош побарала на интернет. Таа вели дека вакви чудни „инциденти“ се случувале и порано, кога на фотографиите од последниот роденден на нејзиниот син имало „починати членови на семејството“.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено