Замислете свет каде што нема ѓубре, нема загадување на воздухот, нема глад во светот и нема проблем со гладните и бездомните животни. Дали мислите дека тоа е недостижен сон во услови на глобална криза, зголемување на населението и технички напредок?

За среќа, совршениот свет како овој е сѐ уште остварлива реалност. Некои земји веќе пронајдоа решенија за глобалните проблеми и ќе ви покажеме како тие успеале да го сторат тоа.

7. Грижата на животни-скитници

Земјите кои најдоа решение: Австрија, Германија и Чешка се земјите каде што нема да најдете скитници. Добро организираниот систем за заштита на животните помогна да се постигне овој резултат. Секое животно има свои права и кршењето на овие може да доведе до строга казна, вклучувајќи затвор.

Исто така, големо внимание се посветува на засолништата каде што постојат посебни луѓе одговорни за нивното одржување. На пример, во Чешка, тоа е должност на локалната полиција, додека финансирањето доаѓа од буџетот на градот. Убивањето на животни и нивното еутанизирање е забрането со локалниот закон.

Потребно е многу време и напор да се најде дом за бездомно животно. Во Турција, бил поставен автомат за да се хранат животните на улиците. За да се добие 20 гр храна за животни, мора да се фрлите шише во машината.

6. Сортирање на ѓубрето

Земји кои најдоа решение: Градот Камикацу во Јапонија (види тука) докажа со сопствен пример дека е можно да се ослободиме од ѓубрето. Се разбира, тоа не било лесно. Секој граѓанин добил инструкции на 27 страници со детален опис на тоа како да го сортира ѓубрето. Според тоа, ѓубрето мора да се сортира во 34 различни контејнери – секој за посебен вид отпад.

Ако упатствата не укажуваат што да прават со специфичен тип ѓубре, тоа се става во јавен склад за рециклирање и понатамошно повторна употреба. Неверојатни напори покажаа неверојатен резултат – 80% од ѓубрето се искористува, додека другите 20% се користат како ѓубриво. Замислете – град без ѓубре! И навистина постои!

Оваа вест го шокираше светот и Сан Диего ја прогласи својата намера да го намали износот на ѓубрето за 75% до 2030 година и целосно да се ослободи од него до 2040 година. Њујорк, исто така, има големи планови – градот се надева дека ќе го достигне истиот резултат како Камикацу во рок од 15 години.

5. Чистење на воздухот

Земји кои најдоа решение: Холанѓанецот Дан Русгард заедно со инженерите, изгради „Кула за ослободување од смог“ (види тука), „Прстен за ослободување од смог“ и „Велосипед за осободување од смог“. Благодарение на технологијата на јонизација, кулата може да исчисти 30.000 метри кубни воздух на час и троши енергија како обичен бојлер. Во процесот на чистење се пресираат цврсти нечистотии, кои понатаму се користат во производството на накит.

4. Намалување на трошоците за електрична енергија

Земјите кои најдоа решение: Научниците постојано бараат алтернативни извори на енергија, а многу земји во моментов одбиваат да градат нуклеарни централи. На пример, Италија ги затвори сите атомски централи и целосно одби да ја користи нуклеарната енергија. Белгија, Германија, Шпанија, Швајцарија и Тајван планираат да го следат нивниот пример.

Електраните базирани на обновливи извори се корисни од еколошки и од финансиска гледна точка. Работата е во тоа што ветрот може да генерира 39.190 MW енергија, што е еквивалентно на 40 нуклеарни реактори. Оваа енергија е доволна за половина Германија.

3. Зачувување на загрозените животни

Земји кои најдоа решение: Многу луѓе сакаат да гледаат забавни и симпатични видеа со панди, сепак, малкумина од нас сфаќаат дека неодамна човештвото беше многу близу до уништување на популацијата на овие симпатични и мили суштества. Кина има развиено цела политика за заштита на природното живеалиште на пандите и почна да се бори со ловокрадците. Можете да се соочите со смртната казна за убиство на панда.

Постои уште една прекрасна приказна за спасување на популацијата на арапските антилопи. Во 1972 година, тие се биле речиси целосно истребени – само неколку богатите шеици ги имале. И тие биле оние кои ја започнале програмата за враќање на овие животни. Луѓето потрошиле многу години, инвестирале многу пари и работеле и, конечно, го добиле посакуваниот резултат – арапските антилопи не се сметаат за загрозени од 2011 година.

2. Дистрибуирање на производите бесплатно

Земји кои најдоа решение: Првата земја што ја доби оваа идеја беше Германија. Сопствениците на продавници во оваа земја почнаа бесплатно да ги даваат производите на кои што наскоро им истекува рокот. Исто така, во Германија можете да најдете продавници како „Тафел“ или банка за храна. Луѓето плаќаат само влезници, кои се помеѓу 1 до 2 евра и ги добиваат сите производи бесплатно.

1. Грижа за среќата на луѓето

Земји кои најдоа решение: Кога на шеикот од Дубаи му беше поставено прашањето „Зошто на вашата земја ѝ треба Министерството за среќа?“, Тој одговорил: „Сакам мојот народ да има подобар живот сега. Сакам да се здобијат со пристојно образование сега. Сакам да имаат пристап до најдобриот лек и да бидат здрави сега. Не за 20 години.“

Втората земја која има ист вид министерство е Бутан. Во 2008 година, владата ја прогласила среќата на својот народ како главен приоритет и ја утврдила во уставот. На пописот на населението, луѓето биле запрашани дали се среќни: 45,2% одговориле „исклучително среќни“, 51,6% – „среќни“, а само 3,3% рекле дека не се „многу среќни“.

Бонус

Постојат многу работи кои секој од нас може да ги направи за да помогне во одржувањето на животната средина и зачувување на природата. Сè што треба да направите е да ја максимизирате сопствената свест и свеста на оние околу вас.

Не само што грижата за планетата е нашата заедничка одговорност, туку исто така е прашање на чест. Започнете со себе, почитувајте ја природата и природата ќе ве награди за возврат!

Сподели на Facebook
пати видено