Ќерка на паднат американски војник, кој бил убиен во Авганистан кога бомбаш-самоубиец го нападнал конвојот на НАТО со кој патувал тој, првпат се запознала со „браќата“ на нејзиниот татко.

Специјалецот Крис Харис бил убиен минатиот август, но само една недела порано, дознал дека неговата сопруга, Брит, го очекува нивното прво дете.

Брит го родила бебето на 17 март 2018 година и ја крстила ќерка си по Крис: Кристијан Мишел Харис. Крис ги сметал своите колеги како дел од поширокото семејство и Брит сакала да ја сподели радоста со нив. Брит организирала специјално патување за сопатниците на нејзиниот сопруг, кои се вратиле дома од Авганистан на денот на раѓањето на Кристијан Мишел.

Потоа била организирана специјална фотосесија за првпат да се запознаат со ќерката на Брит. Околу 20 мажи од 2-риот баталјон, 504. пешадиски полк, борбениот тим од Првата бригада, 82 воздухопловна дивизија, се појавиле на фотосесијата за да го запознаат малото бебе.

Девојчето носело специјална облека за тој ден на која пишува: „Мојот татко, мој херој.“ Брит вели дека го организирала сетоа ова за да го зачува споменот за Крис и да ја потсети нејзината ќерка дека е „наследство од херој“. Исто така малото девојче ги има истите „ледено сини“ очи како и нејзиниот татко. Брит вели дека е пресреќна што повторно ги гледа тие очи.

Сподели на Facebook
пати видено