Гостите кои го посетиле познатиот ресторан во богатата населба Бангар во Куала Лумпур, Малезија биле згрозени кога откриле дека садовите од кои јаделе и пиеле се мијат во локва на улицата. Во видеото се гледа како вработените во Raj’s Banana Leaf ресторанот клечат до дупка на улицата и ги „чистат“ садовите со валканата вода. Ресторанот веднаш објавил извинување, обвинувајќи го новиот персонал за инцидентот.

Сепак, здравствените власти биле принудени да го затворат ресторанот на неодредено време, откако дознале дека нема соодветни средства за миење на садовите. Останува нејасно како популарниот ресторан претходно ги поминувал проверките за хигиена без соодветни средства за миење на садови во кујната.

Сподели на Facebook
пати видено