Бријана Вилијамс споделила на Инстаграм дека пред да се породи во април 2017 година таа била да полага завршен испит пре да тргне кон болницата.

„Веднаш побарав епидурална, така што моите контракции не би се мешале во оценката по Семејно право. И со солзи во очите, го завршив.“, вели Бријана.

На фотографиите Бријана позира со нејзината ќерка Евелин, со која носат иста облека. Патот на завршување на Правниот факултет не бил лесен за Вилијамс и таа вели дека би било „потценувачко“ доколку се каже дека фактот што е самохрана мајка бил вистински предизвик во тој период.

„Некои денови бев толку ментално и емотивно заморена што не го напуштав креветот. Се борев да обезбедам сигурна грижа за детето. Не беше атипично да трчам низ ходниците на Универзитетот до Студентската канцеларија со Евелин, барајќи од вработените да ја причуваат додека да заврши предавањето. Ако не, често доаѓаше со мене на предавања. Еви честопати посетувала предавања.“, вели таа.

Во почетокот, бев аномалија на мојата [маргинализирана] заедница. Потоа, како самохрана мајка, станав статистика. Потоа, јас се молев за доброто на моето бебе, јас да станам пример.“, додава 24-годишната девојка. Вилијамс јасно потенцира дека Евелин ја мотивирала да продолжи со студиите и на крајот да ја добие својата диплома.

Мајката планира да се пресели во Калифорнија и ќе биде практикант во адвокатска фирма во Лос Анџелес. Таа ќе зема про боно случаи, а исто така ќе се фокусира и на судски постапки.

„Отидов на колеџ со еден куфер и еден пар чевли, држејќи се за Библијата што мојата постара сестра ми ја ставила во мојата торба. Јас работев со полно работно време како келнерка и шанкерка во Њујорк за да успеам.“, вели Бријана.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено