Мајка на две деца изјавила дека не може да спие повеќе откако според неа фотографирала дух на дете како стои зад нејзиниот син во шумата, со раката на неговото рамо. Лаура ја направила фотографијата кога била во посета на Плесеј Вудс Кантри Парк во Нортамберленд со своето семејство.

Кога ќерката на Лаура Шарлот Хил, (15), и нејзиниот син Брин Вотсон, (9), сакале да се искачат на големо дрво со својот братучед Џек, (16), Лора одлучила да направи неколку фотографии од забавата. Мајката останала „преплашена“ кога ги разгледувала фотографиите и забележала лице на друго дете зад Брин, иако освен нив немало никој друг во околината.

Лаура, која тврди дека никогаш порано не верувала во паранормалното, планира да се врати во паркот за да го истражи случајот и се надева дека „духот“ не ги следел до дома.

Жената од Њукасл вели: „Тоа е многу невообичаено и сите се навистина исцрпени. Јас и мојата ќерка не можеме да спиеме затоа што сме многу исплашени. Мојот сопруг беше ноќна смена и јас многу се исплашив дека тоа нешто нѐ следело до дома.“

Лаура вели дека слушнала гласини дека момче се удавило во реката во паркот пред многу години, но сѐ уште не ја потврдила информацијата. Иако многу луѓе не веруваат во приказната на Лаура, таа вели дека се плаши за животот на нејзиниот син и за безбедноста на семејството.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено