Робер Вадлоу, попознат како „Џинот од Илиноис“ бил висок 272 сантиметри, а тежел 220 килограми. Тој бил толку висок и тежок што му требале протези на нозете за да може да оди. Починал во 1940 година, на 22 годишна возраст. Тој престанал да расте дури пред крајот на својот живот.

Причината за неговата смрт не била висината туку една банална повреда на глуждот за време на еден јавен настап на американскиот државен празник 4 јули 1940 година. Повредениот глужд му се инфицирал, докторите му направиле операција, но инфекцијата толку се влошила што не успеале да го спасат.

Сподели на Facebook
пати видено