На паркингот на познатиот хипермаркет во САД, Волмарт демне опасниот „Патрик Шипката“. Всушност станува збор за обична шипка со знак на неа, но „искусните“ возачи толку често удираат во неа што шипката добила и име, а станала и позната меѓу жителите на Бају Виста, Тексас.
Додека некои го обвинуваат „Патрик“ за нанесената штета други го бранат и велат дека вината е кај луѓето. „Патрик Шипката“ добива и подароци, а на прашањето „Како знаете дека е Патрик а не Патриша?“, една госпоѓа одговара „само маж може да нанесе толку штета.“
Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.