106-годишната Медлин Дај, која за својот 90-ти роденден прв пат била во паб вели дека нејзината извонредна долговечност е поради избегнување на „стресовите“ кои ги носи бракот и врските. Медлин е родена во Хели, Јужен Јоркшир, во 1912 година, истата година кога потонал Титаник.
Пензионерката живеела независно дома до 103-годишна возраст, но кога паднала и била потребна медицинска нега. Кога била дома таа си готвела бифтек и стек и ги извршувала обврските околу домот, дури сама си ги закачувала завесите. Иако сега е во дом за стари лица уште оди без стап и често разговара со другите „жители“ во домот. Таа го прославила својот 106 роденден на 28 април со семејно патување во Баслов, Дербишир и забава во домот за стари лица.
Нејзината 80-годишна внука Дијана Хитон вели: „Секогаш кога некој ќе ја праша за нејзините минати романси или дали имала сопруг, таа вели ‘Никогаш не сум имала, па затоа сум на оваа возраст ‘“. Исто така внуката вели дека Медлин има одлична смисла за хумор и сака секогаш да е убаво облечена.
Медлин немала лесно детство. Нејзиниот татко Ернест починал во Првата светска војна кога била девојче и поголемиот дел од нејзиниот живот го поминала со мајка ѝ Мери и сестрата Аурали. 106-годишната старица никогаш не се мажела и нема деца.