Кока-кола го промовираше својот прв алкохолен пијалак во Јапонија: газиран, со вкус на лимон, украсен со алкохол и наменет за млади жени.
И покрај тоа што американскиот гигант се занимаваше со бизнис за вино во 1970-тите години, експериментот во Јапонија е „уникатен“ во 125-годишната историја на компанијата, изјави претседателот на „Кока-Кола Јапонија“ Хорхе Гардуно.
Од денес, три нови „Lemon-Do“ пијалаци – кои содржат три, пет и седум проценти алкохол – ќе бидат достапни во јужниот регион Кјушу во Јапонија. Лименка од 350 милилитри може да се купи за 150 јени (1,19€). Тие се обидуваат да профитираат од зголемената популарност на „chuhai“ лесни алкохолни газирани пијалаци, популарни особено кај младите жени.
„Ова е пилот-проект во регионот кој има значителен пазар“, изјавил Масаки Ида, портпарол на јапонската единица на Кока-Кола. Тој одбил да го открие точниот алкохол во пијалакот, бидејќи рецептот е внимателно чувана тајна.
Кока-Кола ја добила идејата откако ги посетиле пабовите во јапонски стил „изакаја“, каде што откриле дека пијалаците со вкус на лимон се многу популарни.