Обвинителот во Париз открил дека таткото на четиригодишното момче спасено од херојот кој го нарекоа „Спајдермен“ излегол во шопинг, а потоа бркал покемони по улиците додека неговиот син беше неколку сантиметри оддалечен од смртта.

Таткото на момчето бил притворен по ужасниот инцидент и испрашуван од полицијата. Тој го оставил проозрецот отворен и на истиот немало ставено заштита. Моментално детето е сместено со друго семејство и најверојатно ќе биде предадено на неговата мајка.

На таткото, кој не е именуван, му било кажано да се појави на суд во септември и може да се соочи со две години затвор поради тоа негрижа за дете според францускиот закон.

Мамуду Гасама беше прогласен за херој откако го спаси малото момче да не падне од балконот. 22-годишното момче стана и државјанин на Франција по состанокот со францускиот претседател Емануел Макрон ова утро.

Гасама пристигнал од Мали пред околу еден месец и сакал да изгради иднина за себе во Франција. На момчето му била понудена и работа во противпожарната бригада.

Видеото од херојскиот потег на Гасама можете да го видите тука.

Сподели на Facebook
пати видено