Момче, чиј татко, полицаец, починал, се изненадило кога поранешните колеги на татко му се појавиле за да го поддржат при свеченото доделување на сведителства за завршено петто одделение.
Полицаецот Џо, таткото на Калеб Краудер, починал од срцев удар на возраст од 44 години во декември 2016 година, додека џогирал. Полицискиот службеник Џо служел скоро 14 години во полицискиот оддел во Бојтон Бич, а исто така бил и офицер во армиските резерви.
По неговата смрт, неговите колеги ветиле дека секогаш ќе бидат таму за Калеб и неговиот брат, а во петокот тоа го докажале така што присуствувале на церемонијата за доделување свидетелства. „Ни значеше сè за нас да бидеме таму. Сите ние се чувствувавме како горди родители“, изјавила Стефани Слатер, портпаролка на полицискиот оддел, која исто така присуствувала на церемонијата.
Девет полицајци, присуствувале на церемонијата и по настанот одделот објавил видео, фотографија и испрати порака до Калеб на нивната Фејсбук страница. Во неа пишувало: „Многу ни значеше да те гледаме како го завршуваш 5-тото одделение денес. Ти ветуваме дека ќе бидеме тука за сите твои постугнувања. Знаеме дека ттако ти е горд за тоа колку добро момче си. Те сакаме Калеб.“