Бездомник кој пронајде паричник и го врати на вистинскиот сопственик, својата награда ја потроши на купување храна за другите луѓе кои се бездомници. Вагас Шах спроведе социјален експеримент околу Њујоршкиот плоштад Унија, каде што честопати живеат голем број бездомници.

На видеото се гледа како на Шах „случајно“ му паѓа паричникот кој содржи над 2.000 долари во готовина, веднаш пред бездомникот.

По неколку секунди, човекот по име Џеј, вика по Шах да му каже дека му паднало нешто. „Воу, другар! Ти падна паричникот! Ти падна онде…“, му рекол Џеј на Шах.

Шах зачуден од реакцијата на човекот му дал пари за неговата чесност. Потоа камерите продолжиле тајно да го снимаат човекот за да видат што ќе направи со парите. Џеј се упатил кон штанд за брза храна и купил три оброка, кои потоа ги поделил на други бездомници. Шах решил уште еднаш да го праша човекот на што се должи неговата добрина на што Џеј одговорил: „Да давате е она што треба да се прави. Колку повеќе давате, толку повеќе добивате. Имам сопруга која што е бремена. Секој ден плачам и се молам дека сѐ ќе биде добро. Животот на улица е тежок.“

Шах му подарил уште пари, со цел да му се заблагодари за добрината која што ја шири.

Сподели на Facebook
пати видено