Второодделенец направил целиот свет да се чувствува виновно по откривањето во домашната задача дека сака неговите родители да трошат помалку време на своите мобилни телефони. Неговата наставничка Џен Адамс ја објавила домашната задача на момчето и напишала дека уште четири деца пишувале на оваа тема.
Прашањето за домашна работа било: „Раскажи ми за некој пронајдок кој не ти се допаѓа? Зошто?“
Момчето напишало:
„Ако морам да ви кажам кој пронајдок не ми се допаѓа би рекол дека не ми се допаѓа телефонот. Не ми се допаѓа телефонот затоа што моите родители се на телефон секој ден. Телефонот е понекогаш многу лоша навика. Го мразам телефонот на мајка ми и посакувам никогаш да немала. Тоа е пронајдокот кој не го сакам.“
На крајот од домашната задача имало нацртан прешкртан мобилен телефон и тажно лице со облаче во кое пишува „Го мразам“.