Лабрадор по име Фред станал татко на 9 слатки патчиња, откако нивната мајка одеднаш исчезнала. 10-годишното куче живее во замокот Маунтфичет близу Станстед, Есекс во Англија каде што еден член на персоналот ги пронашол изгубените браќа и сестри кои се движеле наоколу.

Вработените во популарната туристичка атракција биле многу загрижени за патчињата, но Фред веднаш почнал да се грижи за нив. Џереми Голдсмит, директор на замокот вели: „Знаевме дека мајката патка квачи и одеднаш се појавија овие патчиња, но од неа немаше ни трага ни глас. Мислиме дека за тоа е виновна некоја лисица.“

Џереми исто така е и сопственик на добродушниот Фред. Вработените велат дека патчињата се многу приврзани за кучето и го следат каде и да оди, се „возат“ на неговиот грб и пливаат заедно со него во барата. Исто така велат дека Фред изгледа прилично среќен и не се буни за активностите на неговите „деца“.

Сподели на Facebook
пати видено