Многу луѓе сонуваат да бидат унапредени на работа и да дадат сѐ од себе за да бидат забележани од нивниот шеф. Според законите на психологијата, малите нешта, како што е нечиј став и гестови, се речиси исто толку важни колку и активностите.
Во оваа статија, ќе откриеме неколку тајни за тоа како да напредувате на работа со користење на вистинскиот говор на телото.
11. Седење во релаксирачка положба
Оваа релаксирана положба ги тера другите да мислат дека не ви е гајле за она што го правите, бидејќи се чувствувате премногу удобно и затоа изгледате мрзеливо. Обидете се секогаш да внимавате на начинот на којшто седите. Помалку опуштен начин на седење ќе го увери вашиот шеф дека сте многу заинтересирани за она што го правите.
10. Превртување на очите
Во суштина, овој гест се смета за непристоен – без разлика каде сте, без разлика дали е на работа или меѓу пријатели. Сепак, и покрај тоа што вашите пријатели не можат да го забележат тоа, вашите колеги дефинитивно ќе бидат навредени од тоа. И тие имаат добра причина, бидејќи луѓето имаат тенденција да ги превртуваат очите кога сакаат да покажат дека некој околу нив кажал или направил нешто глупаво.
9. Стоење во позиција „смоквин лист“
Ова е навистина машки став, држење на рацете над гениталиите. Второто име за него е позиција „смоквин лист“. Со тоа, може да ги навредите околните соработници и да ги натерате да се чувствуваат непријатно, особено на работа. Затоа, внимателно следете ги рацете!
8. Напаѓање на личниот простор на друго лице
Не е важно колку сте пријателски блиски со вашиот шеф или со колегите, освојувањето на нивниот личен простор не е најдобрата идеја. Подсвесно, лицето во чиј личен простор сте влегле може да се чувствува загрозено, расеано и едноставно непријатно. Затоа е важно секогаш да одржувате здрава оддалеченост од луѓето околу вас од околу 1 метар, според правилата на бонтон.
7. Влегување во канцеларијата премногу тивко
Кога сте буквално невидливи во вашата канцеларија, влегуватебез да се поздравите со своите колеги, тоа е лош знак. Тие можат да го протолкуваат како ароганција или дека не сте биле правилно воспитани. Затоа секогаш треба да се сетите да ги поздравите другите.
6. Изразување на вашата здодевност
На сите понекогаш ни станува досадно. Сепак, без разлика како и да се чувствувате, подобро е да научите да ги криете своите емоции на работа. Инаку, вашиот шеф може да претпостави дека е време да ве замени со поактивна личност.
5. Одвојување од околината
Ние сите сме срамежливи кога ќе почнеме да работиме на ново место. Но, ако физички се одвојувате од колегите со тоа што не учествувате во активности за градење на тим, или секогаш одите сами на ручек, тоа значи дека не сакате да создадете пријателски однос со нив. Ова значи дека сте изолирана, непријателски настроена, незаинтересирана личност.
4. Потпирање на околните објекти
Истражувањето направено на Универзитетот Стенфорд покажа дека стоењето ве прави посилни и директно и индиректно. Говорот на вашето тело дава многу информации до луѓето околу вас и го одредува начинот на кој овие луѓе ќе се однесуваат кон вас. Затоа, ако продолжите да се потпирате на ѕидови, маси и други предмети, вашата околина може да го протолкува како знак на слабост.
3. Држење на рацете зад грбот
Вашите колеги посветуваат големо внимание на вашите раце. Една студија што ја спроведе Спенсер Кели, професор по невро-наука, вели дека нашите гестови со раце се од витално значење за комуникација како што се нашите зборови и дека држењето на рацете зад грбот за време на разговорот може да предизвика вашиот противник да претпостави дека не сте веродостојни.
2. Проверување на времето премногу често
Гледањето во вашиот часовник или мобилен телефон за време на разговор со колега, шефот или дури и ваш пријател е најнепристојниот гест досега. Што би помислиле ако вашиот пријател постојано го проверува времето за време на разговор? Веројатно ќе чувствувате дека им е здодевно и сакаат да се ослободат од вас што е можно поскоро. Затоа ставете го телефонот настрана или пак доколку имате неодложна работа известе го соговорникот дека брзате и понудете му да го довршите разговорот подоцна.
1. Свртување на телото за време на разговор
Доколку сте на колективен состанок или разговарате со колега освен погледот и телото треба да ви биде свртено кон соговорникот. Престанете да мечтаете и соочете се со акцијата!