Русија развива подводно беспилотно летало што може да носи два мегатони нуклеарни боеви глави, способни да уништат цели пристаништа.
Торпедото „Посејдон“ е дизјанирано да ги уништи „непријателските морнарички бази“ и ќе може да патува до 70 јазли.
Претседателот Владимир Путин ги објави плановите за подводно беспилотно летало во својот говор пред нацијата, во кој се пофали со низа нови нуклеарни оружја, кои не можат да бидат следени од непријателите. Руската државна новинска агенција ТАСС вели дека не можела да ги потврди деталите за оружјето.
Меѓутоа, цитираше еден извор: „Ќе биде можно да се монтираат разни нуклеарни полнења на ‘торпедото’ на повеќенаменскиот поморски систем Посејдон, со термонуклеарната единствена боева глава слична на Авангард за да има максимален капацитет до 2 мегатонни во ТНТ еквивалент.“
Во својот годишен говор пред нацијата во Москва, Путин рече дека оружјето вклучува ракетен погон со нуклеарно оружје, подводно беспилотно летало со нуклеарно оружје и нова хиперсонична ракета и покажа видео снимка со отворањето на новата голема интерконтинентална балистичка ракета.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!