Александра Стефановска станала изреволтирана од секојдневните ситуации со несовесни возачи и решила да им одржи лекција така што ќе им остави ливче како „потсетник“ за начинот на кој се паркирале. Александра им порачува:
„Несовесни шофери, да не се чудите кој ви оставил порака на бришач!!! ЈАС СУМ И НЕ МЕ МРЗИ ДА ПИШУВАМ ПО 100 ЛИВЧИЊА ДНЕВНО!!! Тротоарот е за пешаци, велосипедските патеки се за велосипеди, за вас се улиците и булеварите… ШУ НЕ Е ЈАСНО…“
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.