Колку муштеријата е подебел, толку поскапо ќе треба да плати за храната. Финтата е кога влегуваш во ресторанот, треба да поминеш низ најтесната решетка што можеш. Од тоа зависи по која цена ќе ти бидат јадењата или можеби ќе добиеш бесплатен оброк.
Сопственикот на ресторанот Жао Ланг вели дека ова го направил за да привлече нови муштерии и да ги потсети дека треба да се храниме разумно, при тоа внимавајќи на својата тежина.
Наградата за муштериајта зависи од тоа меѓу кои решетки ќе може да се протне. Најтесните репетки се од 15 см и секој кој ќе успее да се протне има право на бесплатна храна и пијалоци цела вечер.
Оние кои ќе се протнат низ следните решетки од 18 сантиметри ќе добијат бесплатно пет видови на пиво. Решетките од 25 см добиваат едно бесплатно пиво, а решетките од 30 см е само потсетник дека вашата фигура е во рамките на нормалата, но не добивате ништо бесплатно.
30-сантиметарските решетки се показател дека треба да почнете да размислувате за диета, а натписот над решетките е: “Дали сте сигурни дека треба да пиете пиво?”.
Сопственикот вели дека преку најтесните решетки поминува барем по еден човек дневно.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.