Сите ние сакаме нашите потреби да бидат исполнети. Сепак, манипулаторите ги користат таквите методи за реализирање на нивните желби, во кои сите други, вклучувајќи ги и најблиските, ненамерно стануваат средства за нивно постигнување.
Често ова влијание е прикриено под пријателска порака, но вреди да научите да ги препознае главните знаци на манипулација – и никогаш нема да бидете на местото на марионетата.
1. Како мало дете
Човекот се преправа дека е глупав, за да другите ја вршат неговата работа. Често ваквата улога ја избираат жените користејќи ја таканаречената „женска слабост“ Таквите манипулатори честопати се движат нагоре во кариерата само на сметка на туѓата работа.
2. Вешт говорник
Од време на време погрешно ги разбираме другите, но вештите манипулатори намерно можат да не повредат, особено ако ветиле нешто што не е дел од нивните планови. Кога ќе ја добијат очекуванаа реакција тие ја вртат ситуацијата во нивна полза и го претставуваат проблемот како недоразбирање.
3. Невозможни ветувања
Се сеќавате колку често под притисок од други луѓе дадовте погрешни ветувања. Манипулаторот посебно ќе ве поттикне да го дадете ветувањето, а потоа ќе го искористи чувството за вина доколку одбиете да го исполните ветувањето.
4. Манипулатор кој живее во секој родител
Понекогаш е тешко да се поверува дека вашите родители ве уценуваат. Тие многу често стануваат манипулатори, им наметнуваат свои ставови на постарите деца, ја диктираат нивната волја, ги контролираат своите постапки и се мешаат во нивниот личен живот. Треба да научите да го браните своето мислење и да не дозволите другите да го контролираат вашиот живот. Понекогаш тоа не е лесно, но е потребно. Не заборавајте на вашите интереси.
5. Родителите на партнерот
Ова, можеби, е еден од најчестите типови на манипулатори. Родителите сметаат дека прават сé што е за среќата на своите деца и често несвесно, уништуваат среќно семејство. Многу мајки не ја пропуштаат можноста да го наметнат своето мислење за тоа каков треба да биде идеалниот партнер на своето дете.
6. Виновникот е невин
Сигурно сите во својата средина сте сретнале барем една таква личност: таа не размислува за своите постапки, говор, одлуки, веднаш реагира на околностите и постапките на другите, но оваа брзина често предизвикува да се покае за сопственото однесување. И, се разбира, виновникот, ќе ги обвини сите други освен себе. Манипулаторот се обидува да ви ја префрли одговорноста за нивните постапки, велејќи дека сте биле нивна примарна причина за нив.
7. Простување по секоја цена
Караниците се составен дел на односот помеѓу мажот и жената. Но, понекогаш манипулаторите се обидуваат да се извинат со скапи подароци. Манипулирање со чувството на благодарност за подарокот, не го прави подарок, туку поткуп.
8. „Така ќе биде подобро“
Манипулаторот се обидува да ви го одземе правото да изберете, користејќи го вашето чувство на должност и љубов кон вашите сакани, а со тоа ви го контролира животот, па дури и вашите движења. Ако сте вклучени во манипулации од овој вид, едноставно користете го истиот метод против самиот манипулатор. Понудете алтернатива која е погодна за секого, вклучувајќи ве и вас.
9. Претерано чувство на само-важност
Доколку имате шеф-манипулатор, вие секогаш ќе се најдете во слична ситуација. Тој ги дистрибуира насоките кон десно и лево, ја демонстрира својата важност, постојано критикува, наоѓа грешки со малите нешта. Тој не толерира приговори и често се расправа. За да не станете „трн во окото“ за шефот и истовремено да се заштитите од негативните чувства, не плашете се да му укажете дека неговите барања не одговараат на вашите работни обврски.
10. Возрасно дете
Понекогаш личноста не го прифаќа животот како што е, а родителите прават сѐ за неа, продолжувајќи да ги поддржуваат. Наместо да дозволите вашето дете да манипулира со вас дадете му некој зрел родителски совет.