Во седница на влада премиерот прашува:
– Како да се бориме против сиромаштијата?
Министерот за економија:
– Да ја кренеме цената на бензинот 5 пати. Сиромашните нема да трошат на автомобили и на бензин и ќе станат богати!
Министерот за здравство:
– Да ги кренеме цените на лековите 5 пати. Оние кои можат да си купат лекови, нема да можат за себе да велат дека се сиромашни!
Премиерот, си ја чеша главата:
– Па, кога тргнало вака, ќе треба и ние да си ги зголемиме платите 5 пати!