Секој од нас понекогаш има стагнација во работата, во животот и многу е тешко да се излезе од неа. Некој ја препишува сета вина на другите, некој се обвинува себе, а некој поминува низ овие потешкотии и продолжува.

Во оваа статија, ние ви кажуваме кои се причините што нè спречуваат да се движиме напред во животот.

1. Илузионистичкиот сон

Сите сакаме да сонуваме. Но доколку се заглавиме во сон и мечтаеме дека еден ден ќе ни падне куфер со пари од небото тогаш, многу се лажеме. За да достигнеме успех во животот треба да се фатиме за работа, да го заборавиме вообичаениот живот и да направиме нешто што не сме го правеле порано.

2. Недостаток на концентрација на одредена цел

„Уште неколку минути ќе поседам на Фејсбук, а потоа ќе продолжам со работа.“ Овие зборови им се добро познати на голем број на луѓе. Технологијата понекогаш не прави зависни и не можеме да се сконцентрираме на одредена работа. Со цел да станете попродуктивни завршете ја вашата работа навреме, а потоа одвојте време за да ги дознаете најновите вести.

3. Неможност да се завршат работите

Дали некогаш ви се случило да се нафатите да правите нешто и никогаш да не го завршите? Не мора тоа да е работна обврска, може и да е диета, спорт или слично. Причината за оваа ситуација е една: недостаток на упорност и недостаток на резултат каков што би сакале вие. Во Јапонија, за оваа состојба, постои дури и име – синдромот „монах за три дена“. Три е просечниот број на денови кога возбудата е сѐ уште присутна.

4. Неспособност да се преземе одговорност за постапките

Не секој настан во нашиот живот е наша вина, но сето тоа е наша одговорност. Обвинувањето на некој друг или околностите нема да промени ништо. Впрочем, преземајќи ја целосната одговорност за ситуацијата, ја гради вашата иднина. Способноста да ги препознаете вашите грешки и да ги поправите е првиот чекор на патот кон успехот.

5. Недостаток на поддршка од семејството

Една од тајните на успехот е поддршката на блиските луѓе. Но, понекогаш наидуваме на одбивност и недоразбирање од нивна страна и многу е тешко да го продолжиме избраниот пат. Доволно е да се обидете да седнете тивко и да објасните колку ги сакате вашите најблиски, колку е важно она што го правите, кој исход сакате да го добиете и се разбира, колку ви е важно да добиете поддршка од нив.

6. Премногу анализирање

Постојаното анализирање води до фактот дека ќе влезете подлабоко во вашиот проблем и тој ќе се вкорени во умот, со што ќе почне да ве притиска и да ве потиснува во депресија. И ова не е стотиот чекор кон успехот, тоа е ист број чекори назад.

7. Барање на виновникот

Колку често луѓето ја обвинуваат владата, земјата во која живеат, нивните родители, кои не им дале сè за да бидат успешни? Успехот директно зависи од нас самите од нашата трудољубивост, упорност, а неуспехот може да придонесе за уште поголемо достигнување.

8. Нереални цели

Соништата можат да се претворат во цели. Но, целите треба правилно да се формулираат: треба да разберете кои ресурси треба да ги достигнете, колку време е потребно и што е најважно, колку е остварливо.

9. Претходни неуспеси

Секој од нас се соочува со неуспеси, кога се трудиме, но нема резултат. Во овој случај, секогаш имаме две опции: првата – да бидеме депресивни и да продолжиме да се самосожалуваме, а втората – да ги собереме своите мисли, да ја анализираме ситуацијата, да сфатиме што е добро, а што не е, и да се обидеме повторно.

Впечатлив пример за упорност е Стивен Кинг, кој и покрај 30 одбивања од разни издавачи, на неговиот прв роман „Кери“, успеа да оствари вртоглав успех.

Сподели на Facebook
пати видено