Бесна сопруга во фатила нејзиниот сопруг со љубовницата на аеродром како се обидуваат да заминат на романтично патување. Жената се соочува со сопругот и ја влече младата љубовница за коста додека се расправа со него. Снимките, кои се снимени од друг патник, покажува дека конфронтацијата се одвива на меѓународниот аеродром Хозе Марија Кордова во Колумбија.

Нејзиниот сопруг кој, сѐ уште го носи венчалниот прстен се обидува да ја тргне раката на разбеснетата сопруга од косата на љубовницата, но не успева. „Во сабота сакаше да ме носиш мене и малото, а денес ја носиш неа. Ослободи се од неа или ќе предизвикам скандал во овој момент. Нема да пуштам. Удри ме ако сакаш, за да те фрлат во затвор.“, вели изневерената жена.

Таа ја нарекува љубовницата на сопругот „проститутка“, а него „лажен и лажливец“. Не се знае дали некој бил уапсен и дали персоналот на аеродромот ја прекинал расправијата. Се верува дека сопругот и неговата љубовница летале за Картагена на крајбрежјето на Колумбија.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено