Подготовките за плажа почнаа уште пред неколку месеци во теретаните. Но, некои кои го прескокнале овој дел повеќе би сакале да се закопаат во песокот за да ги сокријат недостатоците и дел од вишокот на килограми.

Сепак не мора секогаш со месеци да вежбате и да се придржувате кон ригорозни диети за да изгледате привлечно на плажа. Еве неколку примери како да ги сокриете недостатоците и да ги покажете вашите предности оваа лето.

1. Модел на костимот за капење

При изборот на костим за капење, запомнете ги визуелните ефекти, кои можат да создадат,навидум, незначителни детали.

  • Вертикалните линии на костимот за капење ја издолжуваат силуетата.
  • Костимите за капење со висок струк ги издолжуваат нозете.
  • Костимите со V израз и оние кои се врзуваат околу вратот ќе направат рамениците да изгледаат потесни.
  • Шари, украси и додатоци додаваат волумен на телото.

Во обид да се скрие вишокот, не задржувајте го изборот само на едноделните костими за капење. Доколку ја промашите шарата или бојата можете да си додадете уште некој килограм.

2. Боја на костим за капење

Правилно избраната боја може визуелно да ја балансира речиси секоја форма. Темните бои треба да се користат за оние делови од телото каде што е потребно да се сокрие нешто, а светлите каде што треба да се истакне.

3. Марама

Многу жени се одлучуваат да носат марама затоа што сметаат дека најдобро може да им ги сокрие недостатоците и да изгледа стилски. Но, сепак треба да се обрне внимание дезенот да не биде премногу нападен и крупен. Исто така полните жени треба да ја врзуваат марамата на колковите, а не на половината, како што најчесто прават.

4. Додатоци

Малите детали можат да го одвлечат вниманието од недостатоците. Таков додаток може да биде светла чантата за плажа, ѓердан, нараквици или очила со необичен дизајн или боја. Тука треба да се запомни дека сè е добро во умерени количини. Неколку детали се доста способни да се справат со задачата и да донесат хармонија во сликата. Како на пример широка шапка, ќе ја скрие несовршената состојба на косата, што е особено важно за време на долг престој на море.

5. Солариум пред одмор

Исончаното тело изгледа многу подобро од бледото затоа што се покриени поголем дел од недостатоците. Затоа пред да тргнете на вашата дестинација посетете солариум и добијте малку тен.

6. Држење на телото

Доколку се движите со спуштени раменици и стомакот напред дури и да немате вишок на килограми ќе изгледате непривлечно. Запомнете дека на плажата се гледа поголемиот дел од вашето тело и треба да внимавате на правилното држење на телото.

7. Храна

За да стомакот ви остане рамен препорачливо е да не јадете веднаш пред да тргнете на плажата и да не консумирате храна која што може да предизвика надуеност во стомакот. Ова вклучува, на пример, грашок, зелка, пченка, переци, крекери, колбаси, како и безалкохолни пијалоци и коктели.

8. Пешкир

Пешкирот кој планирате да го земете со вас на плажата исто така има способност да создаде визуелни ефекти. За да изгледате послаби изберете поголем пешкир.

9. Вистинските обувки

Исто така е важно какви обувки носите на плажата. Веќе е јасно дека сандалите на платформа ќе ги издолжат вашите нозе, но треба да се напомене дека обувките кои се врзуваат на глуждот или имаат слични додатоци ќе направат нозете да изгледаат пократки. Исто така апостолките прават нозете да изгледаат потенки.

10. Агли и филтри за фотографиите

Фотографијата од плажата е одличен начин да ја покажете вашата фигура во најдобро светло. За овие фотографии најважно е да ја кренете главата за да создавате сенки и да не позирате со нозете во расчекор затоа што така вашите колкови ќе изгледаат пошироки. Пред да одите на плажа разгледајте ги фотографиите на познатите блогерки и не заборавајте да користите филтри за да го нагласите тенот.

Сподели на Facebook
пати видено