Актерите и филмската екипа минуваат низ повеќе чекори за да ја усовршат нивната имитација на историските личности. Бојадисувањето на косата и правењето на соодветната фризура се само почетокот, Актерите носат и разни видови протези за да го изменат обликот на лицето, ги проучуваат движењата, начинот на говор, гестикулациите итн. сѐ во функција на што поверно пренесување на историските личности врз филмскиот екран. Се разбира, со оглед на тоа дека се работи за сосема различни личности, успехот ќе зависи директно од актерските вештини.
Еве некои од најуспешните екрански трансформации. За некои не бил потребен особен напор, но за други биле потребни најразлични прилагодувања. Актерите се од десната страна.
Џејмс Франко и Џејмс Дин во „Џејмс Дин“
Мерил Стрип како Џулија Џајлд во „Џулија и Џулија“
Анџелина Џоли како Мериен Перл во „Моќно срце“
Џенифер Лопез како Селена Квинтанила Перез во „Селена“
Морган Фримен како Нелсон Мандела во „Непобедливиот“
Лиам Нисон како Оскар Шиндлер во „Шиндлеровата листа“
Филип Сејмор Хофман како Труман Капоте во „Капоте“
Стивен Фрај како Оскар Вајлд во „Вајлд“
Ентони Хопкинс како Пабло Пикасо во „Преживувајќи го Пикасо“
Роберт Дауни Џуниор како Чарли Чаплин во „Чаплин“
Кирк Даглас како Винсент Ван Гог во „Жед за живот“
Адриен Броди како Салвадор Дали во „Полноќ во Париз“
Гери Олдман како Сид Вишис во „Сид и Ненси“
Џејми Фокс како Реј Чарлс во „Реј“
Андре 3000 Бенџамин како Џими Хендрикс во „Сѐ е на моја страна“
Вал Килмер како Џим Морисон во „Дорс“
Одри Тоту како Коко Шанел во „Коко пред Шанел“
Џеси Ајзенберг како Марк Цукерберг во „Социјална мрежа“
Кејт Бланшет како Боб Дилан во „Јас не сум таму“
Мишел Вилијамс како Мерилин Монро во „Мојата недела со Мерилин“
Шарлиз Терон како Ајлин Ворнос во „Чудовиште“
Дензел Вашингтон како Малком Икс во „Малком Икс“
Гречен Мол како Бети Пејџ во „Злогласната Бети Пејџ“
Тенди Њутон како Кондолиза Рајс во „В.“
Мерил Стрип како Маргарет Тачер во „Железната Лејди“
Џејмс Франко како Ален Гинзберг во „Завивање“
Селма Хајек како Фрида Кало во „Фрида“
Џим Кери како Едни Кофман во „Човек на месечината“