Чудата на „летечкиот монах од Копертино“ се меѓу најневеројатните и во исто време, некои од најдобро документираните случаи во историјата. Јосиф од Копертино полетал во воздух, очигледно во состојба на целосна екстаза; и овие способности ги збуниле не само црковните власти, туку и самиот Јосиф.
Листата на сведоците восхитува како со големината, така и со рангот на лицата наведени во неа.
Јосиф Деса е роден во Италија во 1603 година. Тој не само што лебдел во воздух, туку можел да лета како птица! Илјадници изненадени очевидци биле сведоци на неговите летови. Други успеале само накратко да се издигнат на мала висина и често под прилично сомнителни околности.
Но, летовите на Јосиф биле спектакуларни, продолжени и изведени пред очите на најавторитетните луѓе во Европа во тоа време. На 10 јули 1657 година, испратен од папата во манастирот Осимо, тој полетал во воздух на височина од околу 1,20 метри до бадемово дрво, оддалечено на 30 метри. Друг пат тој летал како птица од центарот на храмот до горниот олтар на растојание од 35 метри. Еднаш во религиозна екстаза, тој слетал на маслиново дрво и седнал на тенко гранче. Тој остана таму половина час, се нишал како птица, а потоа донеле скала за да го симнат.
Меѓу сведоците на овие и други чуда биле луѓето со дефинитивен авторитет како што се папата Урбан VIII, принцезата Марија Савојска, кардиналот Факинети, Големиот адмирал на Кастиља, познати лекари и многу други.
Во 1645 година, шпанскиот амбасадор и неговата сопруга отишле во Асизи за да го видат Јосиф. Веднаш штом влегле во црквата, виделе како монахот се кренал нагоре, летал 12 метри до статуа каде што слетал, се молел, извикал и се вратил на своето место. Жената на амбасадорот се онесвестила. Војводата Јохан фон Брауншвајг бил толку фасциниран од она што го видел што тој го отфрлил лутеранството и станал ревносен католик …
Како момче Јосиф бил чирак и на 17 години отишол во манастир. Но поради тоа што бил „глупав“ и не ја разбирал работата го исфрлиле од манастирот по осум месеци. Сепак тој бил упорен и со молитви и упорност повтроно влегол во манастирот. Тој на 22-годишна возраст дохивеал духовно будење. Тогаш започнале неговите познати летови и неговата слава станала толку голема што илјадници луѓе доаѓале во Италија за да го видат.
На крајот го испратиле во манастирот во Осимо, древен град во областа Марче. Тој умрел таму на 18 септември 1663 година. Но, дури и пред неговата смрт, тој продолжил да лета пред очите на лекарите, откако издржал во воздух 15 минути.
Хирургот Франческо Пиерпаоли и терапевтот д-р Жакинто Карузи го набљудувале однесувањето на пациентот. Првиот од нив пишува: „Забележав дека се креваше од столот на височина од една дланка. Се обидов да го вратам на неговото место, но јас не успеав. На крајот, исповедникот му нареди да седи нормално и отец Џозеф полека го направи тоа.“
Самата Црква била скептична и непријателски настроена кон летовите на монахот, толку што отец Јосиф бил соочен со најригорозниот двор на времето, Света инквизиција. На крајот, судиите ја дале следната изјава: „Сведочењето на лица со безусловна непогрешливост ја потврдува должината на лебдење во воздухот и летот на Божјиот слуга, Јосиф од Копертино“.
Во негова чест е направена Базилика, каде што во стаклен ковчег е зачувано неговото тело.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.