Дали понекогаш ве фаќа клаустрофобија кога предолго седите дома или во канцеларија? Само недостатокот на надворешни дразби може да биде доволен некој да развие лоши навики како пушење цигари, што ќе претставува изговор да се излезе надвор.
А сега замислете си да сте затворени во мала и тесна просторија цели 25 години. Нема светло, ни затоплување ни клима уред. Вашата храна се состои од остатоци од нечиј друг оброк а вашите единствени пријатели се стаорците кои ги собираат остатоците храна кои ќе ви останат на васт. Бланш Моние минувала низ ова цели 25 години. А најшокантното во сево ова е што била затворена од сопствената мајка.
На 23. мај 1901, јавниот обвинител на Париз го добил следното писмо, кое гласи:
„Госпдине јавен обвинител, ја имам честа да ве известам за исклучително сериозен настан. Имено, говорам за неомажена жена заклучена во куќата на мадам Моние, полуизгладнета и која цели дваесет и пет години живее во едно гнило живеалиште – кратко кажано, живее во својата сопствена нечистотија.“
Мадам Моние била 75-годишна вдовица која живеела на богат имот заедно со нејзиниот син адвокат по име Марсел. Имала и ќерка, но девојката исчезнала кога имала дваесет и пет години. Биле почитувано семејство, а на мадам Моние ѝ била доделена награда од Комитетот за добри дела, како заслуга за нејзиниот великодушен придонес за градот.
Иако свесни за беспрекорната репутација на семејството Моние, полицијата решила да спроведе истрага на имотот. На горниот кат од куќата, полицајците забележале врата заклучена со катанец. Кога го отстраниле катанецот и ја отвориле вратата, ужасна смрдеа ги исполнила нивните ноздри. Купишта измет и повраќаници го покривале подот. На креветот, на изгниен сламен душек лежела исклучително лошо хранета жена, заслепена од светлото кое не го видела цели 25 години.
Веднаш ја одвеле во болница по што била прегледана, искапена и нахранета. Се открило дека тоа е Бланш, ќерката на мадам Моние. Некогаш убавата девојка тогаш имала четириесет и девет години, но тежела само 24.5 килограми. Дишејќи го чистиот воздух удобно стуткана во чистиот болнички кревет, Бланш воздивнала: „Колку е прекрасно.“
Бланш им кажала на властите дека нејзината мајка ја заклучила бидејќи таа инсистирала да се омажи за релативно неуспешен адвокат кој на мадам Моние не ѝ се допаѓал. Мајката планирала да ја држи заклучена сопствената ќерка сѐ додека не се согласи да ја прекине романсата. Адвокатот умрел во 1885 година, но Блан Моние била оставена заклучена уште петнаесет години, сосема заборавена од сите.
Следниот ден мадам Моние била уапсена. Пред нејзината ќелија се собрала бесна толпа, и критиките и навредите упатени кон неа ѝ предизвикале срцев удар. Умрела 15 дена подоцна. Марсел, братот на Бланш, бил ослободен од обвинение, бидејќи никогаш не се однесувал насилно кон неа. Остатокот од својот живот Бланш го поминала под психијатиска нега, и починала во 1913г.
Не е познато кој го испратил писмото до јавниот обвинител, известувајќи го за затворената Бланш Моние. Некои се сомневале дека тоа бил Марсел, нејзиниот брат, кој знаел дека неговата мајка наскоро ќе почине и тој ќе биде сметан одговорен за Бланш, што би значело дека тој ќе биде сметан за одговорен пред законот поради нејзиното злоставување. Според друга претпоставка, писмото го испратил љубовник на една од слугинкигте. Кој и да бил, го спасил животот на Бланш Моние, и открил една мрачна тајна на почитувано париско семејство.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!