Нема ништо изненадувачки во фактот дека во информациската ера се стремиме да дознаеме едни за други што е можно повеќе. Работодавците не станаа исклучок во ова прашање и повеќе не се задоволни само со едно резиме на идниот вработен. Се повеќе и почесто тие ги гледаат страниците на апликантите на социјалните мрежи и извлекуваат заклучоци.

1. Вашиот профил е „фустанот“ во кој ќе ве запознаат

Дури и ако го задржите профилот на социјалните мрежи „за себе“ – ова не е ниту повеќе, ниту помалку од вашата само-презентација. Лични вкусови, предрасуди, ниво на образование, опсег на интереси – сите овие информации кои работодавачот може лесно да ги преземе од вашиот профил за да провери колку ќе влезете во атмосферата на компанијата. Одделот за човечки ресурси знае дека профилот ќе биде многу поискрен од вашата биографија.

Вики Салеми, експерт за човечки ресурси, забележува дека профилот на социјалните мрежи може да биде од корист за кандидатот, но, од друга страна, може целосно да го уништи впечатокот од него, ако тој, на пример, има тенденција да нанесува остри негативни или саркастични забелешки на која било тема.

2. Никогаш не се жалете за работата на социјалните мрежи

Не го пишувајте вашето незадоволство од шефот, работното место или колегите на социјалните медиуми. Обидете се да забележите само позитивни точки во работата.

3. Не ја додавајте во пријатели личноста која ве интервјуирала

Дури и ако сте дружељубива личност и сметате дека имате многу заеднички карактеристики со вашиот иден шеф, не го додавајте на социјалните медиуми, а особено не му коментирајте на фотографиите. Како прво доколку сѐ уште не сте ја добиле работата непристојно е да го правите ова, а како второ најдобро е да развиете пријателски односи со шефот на работното место, а потоа на социјалните мрежи.

4. Однесувајте се пристојно

Дури и доколку сте свесни дека она што го пишува на социјалните мрежи не е соодветно и праведно не треба веднаш да избувнувате и да започнувате караница. Никој не ги сака агресивните луѓе. Доколку имате нешто да кажете користете аргументи и љубезно образложете.

5. Не правете глупави грешки

Ова се однесува на контекстот и граматиката на статусите, описите и фотографиите кои ги објавувате. Лошо е доколку имате печатки грешки во биографијата, но исто така глупавите статуси и честите грешки во пишувањето на социјалните медиуми ги намалуваат вашите професионални предиспозиции.

6. Не заборавајте да се претплатите на вашите омилени компании

Ако целиот свој живот сакате да работите во оваа компанија, зарем не сте заинтересирани да знаете што има ново? Освен фактот дека работодавачот ќе ја цени таквата посветеност, ќе ви биде полесно да го разберете стилот и начинот на корпоративното делување, да направите листа на предлози и да се подготвите за интервјуто. Многу компании ги објавуваат своите најнови достигнувања на социјалните мрежи.

7. Избегнувајте контроверзни теми

Повеќето компании ќе бидат среќни да видат во своите редови луѓе со активен животен стил, како и оние кои се стремат кон самоизразување. Сепак, постои листа на несакани публикации кои се црвени знамиња за вашите работодавци. Тука спаѓаат мислења за политиката и религијата; употреба на алкохол и дрога; слика во несоодветна облека, долна облека или голотија; слика со груби гестови, провокативни пози и сексуални призвуци.

8. Не ставајте на социјалните мрежи сѐ што ќе фотографирате

Интернетот не треба да знае што јадете. На светот не му е гајле колку облека купивте денес во продавницата и слично. Дали сакате да оставите пријатен впечаток не само на потенцијалниот шеф, туку и на другите? Споделете нешто што може да биде корисно и пријатно за другите. Покажете дека сте активен член на општеството и имате нешто што ќе го збогатите животот на луѓето околу вас. Наука, уметност, хоби, поучни приказни, музика, филмови и книги – листата на соодветни теми е неверојатно одлична, и дефинитивно може да ја најдете вашата.

9. Следете ги фотографиите на кои сте означени

Да, можебие вие не ставате вакви фотографии, но можеби вашиот пријател ја ставил фотографијата на која изгледате „озрачени“ од забавата за викенд. Затоа внимавајте на какви фотографии ве означуваат и предупредете ги вашите пријатели.

10. Одржувајте го вашиот профил во соодветен ред

Не заборавајте да ги „исчистите“ вашите информации на профилот барем еднаш месечно. Во овој случај, внимателно разгледајте ги вашите архивски материјали. Она што некогаш било забавно (на пример, победа на натпреварот на влажни маици), малку е веројатно дека може да изгледа соодветно сега, кога конкурирате за позиција на Главен финансиски директор во една голема компанија. Исто така е важно периодично да ги проверете поставките за приватност за да бидете сигурни дека вашите лични информации се всушност видливи за само одреден круг на луѓе.

Сподели на Facebook
пати видено