Во текот на последните неколку години феноменот за користење на велосипедите како основно превозно средство го опфати целит свет, а особено Кина, каде што според еден извештај постојат 70 приватни компании за изнајмување и споделување на велосипеди и имаат колективен „базен“ со повеќе од 16 милиони велосипеди и повеќе 130 милиони корисници.
Овие велосипеди, можат да се подигнат од било каде на улиците со користење на паметен телефон за да се отклучат прво, а потоа можете да ги оставите каде и да сакате. Редовните корисници велат дека овие велосипеди се богатство, бидејќи им овозможува да избегнат пренатрупани рути за јавен транспорт и да ги намалат патните трошоци, истовремено намалувајќи го загадувањето и охрабрувајќи ги корисниците да останат во добра форма.
Сепак, понудата значително ја надмина побарувачката. Многу кинески градови се преплавени со вишок на велосипеди. Нелегалното паркирање довело до затворени тротоари, додека оштетените и искривени велосипеди се рутинска појава.
Неодамна, голем број друштва за споделување велосипеди излегоа од бизнисот, од кои најголем беше Bluegogo. Речиси преку ноќ, веб-сајтовите станаа нефункционални и апликациите престанаа да работат. Илјадници велосипеди беа оставени напуштени на улиците, привлекувајќи вандализам и злоупотреба. Затоа вакви сцени станаа честа појава низ големите градови во Кина.
Јавноста, властите и постојните компании за споделување велосипеди сега се надеваат дека би можеле да научат од грешките од претходните вложувања и да ја избегнат грешката која се случила во Кина.