Не е тајна дека многумина од нас поради една или друга причина се незадоволни од нашата фотографија во пасошот. Ова и не е толку страшно, особено затоа што пасошот го обновуваме повеќе пати во животот.

Ако е време да ги замените вашите документи за идентификација овие совети ќе ви бидат од голема корист.

Обидете се да не ја кревате премногу брадата

Една од најчестите грешки: Сакате да изгледате исправено и ја кревате главата. Но така вашите ноздри стануваат главен елемент на фотографијата. Најдобро е природно да се исправите и да ги ставите рамениците наназад наместо брадата.

Не ја наведнувајте премногу главата

Доколку премногу ја наведнете главата ќе добиете подбрадок. За вилицата да ви изгледа поубаво треба само малку да ја наведнете главата и да се исправите.

Воздржете се од широка насмевка

Според современите стандарди усвоени во повеќето земји, широка насмевка не е соодветна за фотографии на документи, бидејќи може да ги наруши фацијалните карактеристики. Сепак, мала насмевка е сосема прифатливо – за ова треба малку да ги подигнете аглите на вашата уста.

Не се муртете

Намуртените фотографии никогаш не изгледаат убаво. За да го постигнете саканит ефект направете израз на лицето како да сте пријатно изненадени од нешто.

Погрижете се за вашата коса

Направете уреден стил, избегнувајќи високи фризури и премногу долги шишки. За повеќето официјални фотографии, постојат барања според кои мора да има слободен простор на челото, а косата не треба да ги покрива веѓите и очите.

Обрнете внимание на шминката

Главната работа што треба да се избегнува во шминка е бисерните текстури и сјајните сенки, кармини и слично. Тие во комбинација со блицот може да предизвикаат отсјај на фотографијата и дури и визуелно да ве остарат. Идеални се мат варијантите. Друга важна точка се веѓите и трепките. Тие треба да бидат јасно истакнати. Карминот е најдобро да биде мат, блиску до бојата на природниот тон на усните, избегнувајќи светли и премногу интензивни нијанси.

Изберете ја вистинската облека

На повеќето фотографии за документи облеката не е видлива, но ако носите огромен накит или качулка тоа може да се види и фотографијата да изгледа грдо и непрофесионално. Најдобро е да одберете темна маица или блуза.

Сподели на Facebook
пати видено