Нечовечна воспитувачка во градинка е снимена како влече мало девојче од нејзиното столче пред насилно да ја удри од шкаф. 5-годишното девојче се здобило со сериозни повреди на главата и била однесена во болница на шиење. Воспитувачката Гуо добила парична казна и била притворена 15 дена за тешки телесни повреди.
Предупредување: Содржината може да ве вознемири!
Малата Лиао Зиуи имала рана длабока 2 сантиметри на гордниот дел од главата. Нејзината воспитувачка се правдала дека ја нападнала Лиао затоа што во тој момент била емоционално нестабилна. Таткото на девојчето решил да го објави инцидентот и видеото јавно. Тој вели дека воспитувачката ја нападнала неговата ќерка, затоа што соученик ја повлекол за коса и таа се свртела, а тоа ја „вознемирило“ воспитувачката Гуо.
Градинката јавно им се извинила на родителите и признале дека имаат проблеми со управувањето. Установата била затворена една недела додека локалното биро за образование го истражувало прашањето.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!