Инстаграм стана новото „платно“ каде што секој може да ја искаже својата страст и талент. Светски познатите блогери и познати личности со полна пареа ги искористуваат предностите на оваа социјална мрежа, но сепак во Македонија „истаграмџиите“ допрва се создаваат.
22- годишниот Михаил Митев, од Кочани, ја креира својата приказна на Инстаграм, фотографирајќи ги најубавите градови низ Европа. Како студент на земјоделски факултет, Михаил, односно mmitevg, се пронаоѓа себеси во фотографирањето и неговото мото е дека „Нема перфектна фотографија, има само перфектен момент!“.
Секоја приказна има свој почеток. Кога се појави љубовта кон фотографирањето?
Љубовта кон фотографирањето започна со купувањето на мојата прва камера GoPro Hero (2014). Тогаш фотографирав буквално сѐ што ке видам околу мене. Гледајки го крајниот резултат, како и реакцијата на луѓето околу мене на моите фотографии ме натера да продолжам и несвесно да се навлекувам подлабоко во оваа област. Зголемената љубов кон “fisheye” ефектот, тогаш ме натера да ја заменам мојата камера со нова односно GoPro Hero 4 (2015).
Кога станува збор за фотографирање, сите ги интеренсира едно клучно прашање: Како да направам добра фотографија?
Во зависност од тоа што сакате да фотографирате треба да внимавате на различни фактори. Ќе направам мала отстапка од класичниот одговор дека најважно за добра фотографија е светлината. Не го негирам тоа, но доколку не го доловите вистинскиот момент и аголот самата светлина нема да ја направи фотографијата да изгледа така како што вие сакате.
Дали важи правилото дека за добра фотографија е потребна скапа опрема? Каква опрема и средства користиш ти во креирањето на фотографиите?
Отсекогаш сум се восхитувал на луѓето кои со минимални сретства прават прекрасни фотографии. Денес на инстаграм има безброј профили кои постираат одлични фотографии кои се направени со мобилни телефони, што значи дека опремата и не е толку важна. Јас моментално имам Nikon D5200 со стандарен објектив 18-55mm кој го користам највеќе кога патувам бидејки е доста мал и лесен, но прави квалитетни фотографии. Исто така поседувам и Nikon D700 со објектив 24-70mm 2.8 кој го користам за малку по„сериозни“ фотографии.
Што најмногу сакаш да фотографираш?
Реално, фотографирам сѐ што ми е убаво на око (пејзажи, портрети, мртва природа). Во последно време најмногу ми се допаѓа уличната фотографија. Овде нема претходно наместена композиција бидејки секоја секунда е различна. Овој стил најмногу ми се допаѓа затоа тогаш се чувствувам слободен и не размислувам за тоа дали е сѐ префектно на фотографијата.
Уште си на почетокот, но каде се гледаш себеси за 5 години?
Не сум тип на човек кој прави долгорочни планови и гледа подалеку во иднината. Моментално сум задоволен и среќен со тоа што го правам во областа на фотографирањето. Ја надоградувам техниката и знаењето преку секојдневното фотографирање и не се многу фокусирам на тоа каков би бил во оваа област во наредните години. Едноставно оставам на времето да покаже во која насока да се движам.
Секој уметник има свое омилено дело, која е твојата омилена фотографија, која што досега си ја направил?
Доста тешка одлука е да се избере омилена фотографија од илјадниците фотографии што ги имам напревено последните години. Би избрал фотографија која е направена во една од моите омилени држави во која престојував подолго време – Португалија.
Оваа фотографија е направена на плоштадот Plaza del Comercio во Lisbon.
На кои дестинации досега си фотографирал?
Имам доста прошетано низ европските држави, но сѐ уште имам неостварени дестинации.
Со исклучок на балканските држави ги имам посетено: Турција (Истанбул, Ердек), Шпанија (Барселона, Мадрид, Валенсија), Португалија (Порто, Коимбра, Лисабон, Фаро, Албуфеира), Италија (Рим, Венеција), Франција (Кан, Ница)…
Најверојатно постојат места кои допрва сакаш да ги посетиш, откриј ни неколку?
Дестинации кои сакам да ги посетам во иднина се: Ирска, Азорските острови, Мароко, Сутирол (Италија), Манарола (Италија), врвот Seceda (Италија), езерото Lago di Tovel (Италија) и многу други места.
Објасни еден мал трик за добра фотографија на нашите читатели.
Многу едноставен трик: правете повеќе фотографии од една иста позиција, можеби со последниот клик ке го доловите вистинскиот момент.
Какво значење има фотографијата за тебе?
На самиот почеток фотографирањето ми беше само хоби, но денес имам чувство како тоа хоби да прераснало во начин на живот. Тоа го приметувам кога патувам некаде. Фотографирам и едвај чекам да ги префрлам на компјутерот, да ги едитирам и да го видам крајниот резултат.
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.