На видеото се гледа моментот во кој полицијата апси двајца педофили кои лута толпа ги врзала за клупа и ги посипала со боја и цемент, во Северна Ирска. На снимката се прикажани осудените педофили Џејмс Вајт (48 години) и Џејсон Лидијард (26), кој исто така е познат како Алексис Густо, со рацете врзани зад грб.

Тие биле барани од полицијата за извршување на неколку кривични дела. Двајцата мажи биле однесени во болница по инцидентот. Потпаролот на полицијата изјавил: „Полицијата беше известена за напад во областа и по пристигнувањето ги пронашле двајцата мажи. И двајцата имаа повреди и беа пренесени во најблиската болница.“

Главниот детектив Џил Дуфи изјавил: „Сфаќам дека гневот во оваа област за овие луѓе беше голем, сепак тоа не треба да биде изговор за насилство или луѓето да го земаат законот во свои раце.“

Синото Пежо 206 во кое патувале бегалците било пронајдено во близина на црква и сите четири гуми му биле уништени. Вајт, од јужниот дел на Армаг, бил затворен во 1998 година за пет точки за сексуален напад врз тинејџер и бил ослободен во 2003 година. Лидијард од Бесбрук има девет пресуди, вклучително и за сексуален напад и бил ослободен претходно оваа година.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено