Белорусинката Нинел Блохина порано била балерина, а сега редовно вежба јога. Колку години ѝ давате?

Нинел Блохина оваа година ќе го прослави својот 72-ри роденден. Уште од дете таа почнала да игра балет, а на 50 години сфатила дека возраста почнува да ѝ пречи во професијата. Потоа Нинел почнача да се занимава со медитација и јога, а исто така во нејзиниот живот додала уште повеќе физички активности, како што се возење ролери и велосипедизам.

Жената продолжува да работи, таа е учителка по балет, а од неодамна стана и инструктор за јога. Таа се придржува до специјална диета, во која има малку месо, но многу риби, житарки, овошје и зеленчук. Сепак таа тврди дека главна тајна на нејзиниот младешки изглед е младоста во нејзиното срце.

Сподели на Facebook
пати видено