Јас сум вработен во Комуналец, возам цистерна. Вчера излегов рано, ги исшмукав фекалиите од тоалетот на автобуската станица и тргнав кон депонијата да ја испразнам цистерната. Но, на патот кој депонијата ме запира полиција. Многу зачестија контролите во последно време во Скопје. Добро е, сè е во ред, но сум си ја заборавив возачката дома. Отидов до мојата зграда во Кисела Вода да ја земам возачката и да им ја донесам на полицајците. Подобро да платев казна… Јас живеам на третиот кат. Влегувам дома и слушам офкање од спалната. Влегувам и што да видам! Комшијата од првиот кат ја грабнал мојата и работи ли работи, а оваа офка, не ме ни приметија дека сум во собата. Се мислам што да правам сега? Да го убијам? Јас можеби чистам клозети, но не сум луд! Си ја зедов возачката од мојата натказна и отидов долу. Гледам, отворен му е прозорецот од дневната соба на комшијата што го фатив со жена ми. Го приближив камионот, го пуштив цревото внатре и го испразнив цел… Зошто да го убивам?