Почитувани инженери од техничка поддршка,
Минатата година го надградив Дечко 5.0 на Маж 1.0 и забележав забавување во вкупните перформанси на системот – особено во апликациите Цвеќе и Накит, кои работеа беспрекорно кај Дечко 5.0.
Покрај тоа, Сопруг 1.0 деинсталира многу други корисни програми, како што се Романтични 9.5 и Лично внимание 6.5, а инсталира несакани програми како Лига на шампиони 5.0, НБА 3.0. Покер 4.1 и Супер спорт 2.0.
Разговор 8.0 повеќе не функционира, а Чистење на куќата 2.5 едноставно го блокира системот. Пробав со Досаѓање 5.3 да го решам проблемот, но без резултат.
Што можам да направам?
Потпис: Корисничка
– – – – – – – – – – –
Почитувана Корисничке!
Прво, имајте на ум дека Дечко 5.0 е забавна програма, додека Сопруг 1.0 е оперативен систем.
Ве молиме внесете ја командата: “Мислев дека ме сакаш” и пробајте да ја вклучите апликацијата Солзи 6.2 и не заборавајте да инсталирате Вина 3.1.
Ако оваа апликација работи како што е предвидено, Сопруг 1.0 автоматски ќе ги стартува апликациите Накит 2.0 и Цвеќиња 3.5.
Но не заборавајте дека прекумерното користење на горните апликации, може да предизвика Сопруг 1.0 по default да ја стартува програмата Сеедно ми е 2.0.
Но, што и да правите, НЕ ја инсталирајте Баба 1.0 (таа работи со вирус во позадина и на крајот ќе воспостави сопствена контрола над ресурсите во системот).
Исто така, не се обидувајте да ја пре-инсталирате програмата Дечко 5.0. Таа е неподдржана апликација и ќе ви падне Сопруг 1.0.
Накратко, Сопруг 1.0 е одлична програма, но има ограничена меморија и не може брзо да се прилагоди на нови апликации.
Може да размислите за купување на дополнителен софтвер за подобрување на меморијата и продуктивноста. Препорачуваме Топла храна 6.0 и Секси долна облека 7.0
Со среќа!