Да се биде медицинска сестра е благородна професија со која одат бројни одговорности и кон пациентите и кон нивните семејства. Имајќи го ова предвид, чинот на италијанската медицинска сестра Даниела Поџиали е уште погрозоморен.
Поџиали била уапсена и обвинета за убиство на триесет и осум пациенти кои ѝ „додевале“. И ако ова не е доволно да ве полазат трпки, Поџиали ја присилувала нејзината колешка да ја слика заедно со мртвите пациенти.
Ова е 42-годишната Даниела Поџиали. Во октомври минатата година била уапсена под сомнение дека отрула 78-годишна пациентка. Пациентката Роза Калдерони починала од труење со калиум хлорид.
Пребарувајќи го нејзиниот дом, полицијата открила слика на Поџиали со телото на починатата пациентка. Набргу потоа полицијата решила да ја прошири истрагата вклучувајќи и други сомнителни смртоносни случаи (вкупно 38) кои се случиле за време на нејзината смена.
Еве ја Поџиали како позира со мртвото тело. Ја сликала нејзина колешка. Нејзините колеги ја опишуваат како „студена личност“. И порано имало сомневања дека не се однесува професионално, а се ширеле гласини дека често им давала седативи на пациентите кои ѝ предизвикувале тешкотии за време на нејзината смена.