Секое дете сонува за своја куќичка на дрво, но никој не би сакал подолго време да престојува во такво нешто бидејќи нема ни струја, ни тоалет, а ни интернет. Но сега и тој проблем е решен.
Добредојдовте во куќичката на чудата!
Во 2000г. активистот за чиста околина од Атланта, Питер Бахут изградил фантастична куќичка на дрво во блиската шума.
Живеалиштето се состои од три градби помеѓу себе поврзани со висечки мостови.
Градбите се со различни функции – спална за двајца, дневна соба и тераса
Куќичката ги има сите услови за постојан престој. Се издава за 350 долари на ноќ. Престојот е поскап од престојот во хотел Хилтон во областа, но секако ќе ви пружи неверојатно искуство.