Полицаец запира кочански мафијаш:
– Документите ве молам и отворете го багажникот.
Кочанскиот мафијаш ги дава документи и вели:
– Брат, а да ти дадам 500 денари да се почестиш и да не го отвораме багажникот?
– Отворете го багажникот веднаш!
– Добро, а да ти дадам 1000 денари и да заборавиме на багажникот?
– Излезете од автомобилот и отворете го багажникот!
– Добро бе брат, последна понуда – 100 евра и да не го отвораме багажникот.
– Отворете го багажникот веднаш! – Извикува налутено полицаецот.
Кочанскиот мафијаш излегува, го отвора багажникот, а внатре апарат за гаснење на пожар, кутија за прва помош, триаголник и резервна гума.
Полицаецот гледа изненаден:
– А беше тоа, што беа 100 евра, кога тука нема ништо?
– Еее, ризик ствара капитал…

Сподели на Facebook
пати видено