На меѓународниот аеродром „Галеао“ во Рио де Жанеиро, тројца криминалци облечени во униформи на персоналот на аеродромот, успеаја да украдат цела пратка Samsung Galaxy S9 паметни телефони. Се проценува дека цената на украдените мобилни уреди е околу 1 милион американски долари. Полицијата одби да коментира за инцидентот, а ова се фотографиите од грабежот кои протекоа во јавноста.