Што мислите дека ова е? Бидејќи воопшто не е лесно да се погоди, ќе ви помогнеме уште малку: Иновацијата е на данскиот дизајнер Флорис Шондербек, а е наменета за луѓето кои живеат во куќи.

Ова е пренослива визба со волумен од 3000 литри. Доволно е да ископате дупка во дворот, да го ставите ова во неа и да го покриете со земја, по што ќе добиете пристојна алтернатива на домашниот фрижидер.

Температурата во подрумот ќе остане на ниво од 10-12 степени во текот на целата година. Ова се идеални услови за складирање на овошје, зеленчук, вино и сирење.

Сподели на Facebook
пати видено